Руските хокеари ги победија Чесите на пенали и ја освоија бронзата на Светското првенство (ВИДЕО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Хокеарската репрезентација на Русија ја победи Чешка во натпреварот за третото место и ја освои бронзата на Светското првенство 2019. во Словачка.

Во регуларното време мечот за третото место на светскиот шампионат во Братислава заврши со нерешен резултат 2:2. Во продолженијата не беше постигнат ниеден погодок, така што натпреварот беше решен со изведување пенали.

За Русија головите ги постигнаа Михаил Григоренко и Артјом Анисимов во регуларниот дел на мечот, а во изведувањето пенали успешни беа Иља Коваљчук и Никита Гусев.

За чешкатт репрезентација головите ги постигнаа Михал Ржепик и Доминик Кубалик.

Рускиот голман Андреј Васиљевски во текот на натпреварот одбрани 48 удари.