Репрезентацијата на Русија во хокеј поразена од Финска во полуфиналето на светското првенство

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Руската репрезентација во хокеј доживеа пораз од репрезентацијата на Финска во полуфиналето на мечот на Светското првенство во хокеј во Словачка.

Мечот во Братислава беше завршен со резултат од 1:0 во корист на Финците. Голот во 51 минута го постигна Марко Антила.

Вечерва се одржува вториот полуфинален натпревар помеѓу репрезентациите на Канада и на Чешка. Мечевите за првото и за третото место се играат во недела.

На претходното светско првенство во Данска во 2018 година руските хокеари стасаа до четвртфиналето каде во продолжение изгубија од репрезентацијата на Канада (4:5). Последен пат „зборнаја“ се пласираше во финалето на светското првенство во 2015 година.