Мајски снегови ги попречуваат животот на северот од Русија (ВИДЕО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Поради мајските бури не работат училиштата во рускиот град Воркути.

Во Воркути (Република Коми) поради силна бура во петокот беа откажани часовите за учениците од 1 до 11 одделение, соопшти градската администрација за „Интерфакс“.

Според синоптичките податоци, утринската температура во градот изнесувала -5 степени според Целзиус а ударите на ветрот достигнувале 2 метри во секунда. Видливоста изнесувала 100 метри и паѓал снег. Освен тоа, од 7 часот и 30 минути во градот бил затворен и кружниот автопат. Во 9 часот почнал состанокот на штабот за цивилна одбрана и на штабот за вонредни состојби.

Во исто време во Салехард (во Јамало-ненецкиот автономен округ) поради врнежи од снег службите за помош преминале на интензивен режим на работа. Паднала и месечна норма наноси, а дебелината на снежната покривка изнесува неколку сантиметри.

Според податоците на синоптичарите, во петок во Јамало-ненецкиот округ се очекува ветар со брзина од 19 до 24 метри во секунда, а во градот дожд и влажен снег.