Московјаните ги предупредија за агресивните гаврани

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Московскиот секретаријат за управување со природни ресурси и заштита на животната средина ги предупреди жителите на Москва од опасност од напад од агресивни гаврани. Во тек е периодот на гнездење и птиците решително ја бранат својата територија, а ако човек им се приближи на младенчињата, тие можат да го нападнат. Затоа на граѓаните им се советува да не ги набљудуваат долго птиците и да не им се приближуваат. Категорички е забрането да се земаат птички в раце.

Оринтолозите предупредуваат дека гавранот е птица со силен клун, а освен тоа е и интелигентна, па гаѓа право во глава. „Ако немате среќа и птицата почне да се однесува агресивно, немојте да викате и да мавтате со рацете, ами полека оддалечете се на безбедно растојание. Во случај на напад земете стап и држете го испружен в рака. Некои птици напаѓаат предмети“, предупредуваат оринтолозите.