Во Братислава (Словачка), во арената „Ондреј Непала“ заврши четвртфиналниот меч од светското првенство во хокеј.
Русија ја победи Америка со резултат од 4:3.
Головите за „зборнаја“ ги постигнаа Никита Гусев (2 минута), Михаил Сергачов (15), Кирил Капризов (41) и Михаил Григоренко (47). За екипата на САД погодоци постигнаа Брејди Шеј (22), Ноа Ханифин (45) и Алекс Дебринкет (57).
Reuters
Во полуфиналето руската репрезентација ќе игра со најслабата екипа која се пласираше во оваа фаза на натпреварот. Полуфиналето ќе се игра на 25 мај.
Reuters
Потсетуваме дека Русите во групната фаза ги победија Норвешка (5:2), Австрија (5:0), Чешка (3:0), Италија (10:0), Латвија (3:1), Швајцарија (3:0) и Шведска (7:4). Во седум натпревари однесоа седум победи, освоија 21 поен и обезбедија убедливо место во групата Б.
Reuters