Русија влезе во финалето на „Песна на Евровизија-2019“

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Рускиот пејач Сергеј Лазарев, кој годинава ја претставува Русија на натпреварот „Песна на Евровизија“ во Тел Авив, успешно настапи во второто полуфинале што се одржа на 16 мај.

Оваа година Русија е претставена со песната «Scream». За изведувачот Сергеј Лазарев ја напишаа познатиот руски пејач и композитор Филип Киркоров во коавторство со грчкиот композитор Димитрис Контопулос и американската пејачка Шерон Вон.

Ова е веќе второ учество на Сергеј Лазарев на „Евровизија“. Првиот пат тој учествуваше во ова натпреварување 2016 година во Стокхолм и ја претстави Русија со песната „You Are the Only One“. Тогаш пејачот го зазеде 2 место, добивајќи 491 бод во финалето.