Путин се пошегува за сметка на својата и фризурата на Прилепин (ВИДЕО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Рускиот претседател Владимир Путин на медиумскиот форум на Серускиот народен фронт се пошегува велејќи дека за него и за писателот Захар Прилепин се важни информациите од телевизија во кои се препорачува како да порасне косата.

„На телевизија ни кажуваат како да ни порасне коса, тоа е важно за мене и Захар“, рече Путин, покажувајќи кон писателот Прилепин кој седеше во салата.

„Но она што вие го правите е многу поважна работа“, им рече рускиот претседател на новинарите, говорејќи за информирањето на граѓаните за нивните права преку медиумите.

Прочитајте повеќе: Путин раскажа како на раце ја носел сосетката на петти кат