Бесмртниот полк во Македонија

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Манифестацијата „Бесмртен полк“ кој веќе стана традиционална при празнувањето на Денот на победата од година в година зема сѐ поголем замав – кон неа се присоединуваат нови луѓе, нови региони и нови земји.

И во Македонија акцијата „Бесмртен полк“ веќе стана извесен вид традиција. Оваа година, може да се каже, се одвиваше во две етапи и во два града.

8 мај, Скопје. По панихидата во капелата на црквата Св. Георгија Победоносецот во спомен на загинатите руски воини се одржа отворање на „Ѕидот на сеќавањето“ на кој беа прикажани портрети на учесници во антифашистичката борба. „Ѕидот на сеќавањето“ како дел од акцијата „Бесмртен полк“ беше поставена на платото пред хотелот „Русија“.

9 мај, Битола. Се одржа поворката „Бесмртен полк“. Учесниците се движеа од плоштадот „Магнолија“ до Домот на културата по главната улица Широк Сокак. Манифестацијата заврши со полагање цвеќе и концертот на студентите од Тамбовскиот државен универзитет „Г. Р. Державин“.

Акцијата „Бесмртен полк“ е организирана со учество на Меѓународниот славјански универзитет „Г.Р. Державин“ (Тамбов, Русија) и Сојузот на борците од НОАВМ.