На прес-конференцијата што се одржа во неделата, главна тема беше првенството на Русија во мешани боречки вештини (ММА), но на Фјодор исто така му беше поставено прашање во врска со неговата сопствена кариера.
„Да сме живи и здрави, па ќе видиме. Наскоро ќе дознаете. Годините си го прават своето. Имав многу повреди за време на мојата кариера и тие сега доаѓаат до израз. По настапот на Гран-прито ми беше дадено време за одмор. Сега го подобрувам моето здравје и тоа ќе трае уште извесно време“, рече познатиот ММА-борец.
Накусо кажано, Емелјаненко сѐ уште не донел одлука за завршување на кариерата.
По тој повод изјава даде и Скоти Кокер, шеф на турнирот „Белатор“. „Сѐ уште немам разговарано со Фјодор. Тој е сега во Москва, но ќе се видам со него во мај на „Белатор 221“ во Чикаго. Ќе го прашам какви му се плановите и што сака. Ако сака да ја продолжи кариерата, јас со задоволство би му организирал почесна турнеја од три меча – во Јапонија, САД и Москва. Но, тој може да одговори: „Мене тоа не ме интересира, сакам да работам во Владата“. Или нешто друго. Не знам какви му се плановите. За две-три недели ќе се сретнеме и тогаш ќе дознам нешто повеќе“, ги наведува зборовите на Кокер Би Џеј Пен.
Доколку Емелјаненко одлучи да ја продолжи кариерата, негов противник може да биде Џош Барнет. Него, исто така, го спомна и Кокер: „Фјодор против Барнет навистина би бил посебен меч, нели? Тоа би било нешто неверојатно! На Џош засега не му е гарантиран меч за титулата и затоа неговиот менаџер сака да организира една борба во меѓувреме“.
Кокер е, очигледно, заинтересиран Емелјаненко да ја продолжи кариерата во рамките на „Белатор“, затоа што тој е големо име во овој спорт и со него турнирот би добил на тежина и популарност. Во таа смисла на организаторите не им е важно дали Фјодор ќе победи или ќе изгуби - во двата случаи е обезбедено големо внимание на јавноста, што на Кокер му е најбитно.
А дали на Фјодор му е потребно враќање? Руската публика не сака порази и затоа го затрупа Емелјаненко со критики по поразот од Бејдер. Ретко кој обрнуваше внимание на фактот дека тоа беше пораз во финалето на еден од најпрестижните гран-при натпреварувања од овој вид на планетата и дека е многу тешко да се дојде до такво финале. Според тоа, Емелјаненко одлучи да се врати, тој мора да бидат подготвен и за борба, но и за остри критики: во случај на пораз, што воопшто не лесно да се постигне.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче