Си Ѓинпин му го подари на Путин „Легендарниот коњ на Големиот пат на свилата” (ВИДЕО)

Reuters

Претседателот на Русија му возврати на кинескиот колега со пригоден подарок, подарувајќи му го плакатот „Руско-кинеска соработка“ од 1956 година, дело на уметникот Исак Гринштејн.

Претседателот на Русија Владимир Путин и претседателот на Кина Си Ѓинпин по преговорите одржани во петокот си разменија подароци.

По работниот појадок Путин му го подари на својот колега плакатот „Руско-кинеска сорабтока“ од 1956 година, дело на уметникот Исак Гринштејн.

На плакатот се прикажани двајца работници од Советскиот Сојуз и Кина како се ракуваат. Зад нив се гледаат картите на СССР и Кина, на кои се обележани градовите Москва, Пекинг, Алма Ата и Ланџоу, поврзани со линија на железничка пруга.  Плакатот е изработен по повод отворањето на делницата на Транссибирската железничка магистрала Москва - Улан Батор - Пекинг (1 јануари 1956) и завршетокот на изградбата на хотелот „Пекинг” во Москва.

Си Ѓинпин, од друга страна, му подари на рускиот претседател комплет сребрен прибор за јадење од пекиншкиот хотел „Пријателство”, кој содржи шолја, тацна, стапчиња и лажица на кои се изгравирани лик на старокинеска убавица и цвеќето магнолија. Хотелот „Пријателство” е изграден пред 65 години во чест на блиските односи меѓу двете земји.

Освен тоа, Путин од претседателот на Кина доби и керамичка копија на статуата „Легендарниот коњ на Големиот пат на свилата”, чиј оригинал се чува во Националниот музеј на Кина во Пекинг.

Прочитајте повеќе: Путин му подари на Си Ѓинпин руска бања

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња