На парламентарните избори во Индонезија се кандидираше Михаил Горбачов, Индонезиец кој го добил името по бившиот претседател на СССР, пишува „Њу Стреитс Тајмс“.
Полното име на 32-годишниот кандидат е Михаил Горбачов Дом (Mikhail Gorbachev Dom). Тој изјави дека името го добил речиси случајно. „Моите родители биле уверени дека ќе добијат девојче. Кога сум се родил, ги фатила паника затоа што не одбрале име за момче“, објасни тој.
Според него, околу недела дена по раѓањето тој сѐ уште немал име, и тогаш родителите забележале во весник статија за Михаил Горбачов. На татко му многу му се допаднало името на влијателниот човек и лидер на една земја, така што на крај решиле да му го дадат токму тоа име.
Дом истакнува дека во младоста му било тешко поради името и дека и денес повеќе сака да го викаат Горба. Но, истовремено името му користи на неговата политичка кариера. Во политиката се решил да влезе по неколку години неефикасно занимавање со заштита на природата. Дом смета дека тоа е единствениот начин да се дојде до промени во сферата на заштитата на животната средина.
Горбачов е еден од 245 илјади кандидати на општите избори кои ќе се одржат во Индонезија на 17 април. Тоа ќе биде првото гласање во историјата на оваа земја на кое истовремено ќе се избираат претседател, потпретседател, пратеници во националниот парламент и локална самоуправа.
Во септември 2018 година медиумите објавија дека на изборите во Перу учествувале Хитлер и Ленин.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче