Мистериите на древното минато на Русија: Од каде потекнуваат презимињата на Путин, Романов и Ленин?

Денес, научниците разликуваат четири типа руски презимиња, во зависност од буквите на кои тие завршуваат, но повеќе презимиња потпаѓаат под две категории.

Денес, научниците разликуваат четири типа руски презимиња, во зависност од буквите на кои тие завршуваат, но повеќе презимиња потпаѓаат под две категории.

Global Look Press
Многу одамна, вообичаените животни околности често ги одредувале презимињата на моќните лидери кои ќе ја формираат модерна Русија.

Првите податоци за руските презимиња датираат од 13 век, но дури до 1930-те заврши процесот на давање презиме ширум целата земја. Повеќето современи презимиња потекнуваат од занимањето на предокот, националното потекло или одредена карактеристична физичка особина.

Денес, научниците разликуваат четири вида на руски презимиња, во зависност од буквите со кои завршуваат, но повеќето презимиња спаѓаат во две категории. Дури и најпознатите презимиња во Русија спаѓаат во една од овие категории.

Денес, научниците разликуваат четири типа руски презимиња, во зависност од буквите на кои тие завршуваат, но повеќе презимиња потпаѓаат под две категории. Дури и најпознатите презимиња во Русија спаѓаат во овие две категории.

1. Путин

Никој не го знае дефинитивниот извор од каде потекнува ова сега познато презиме, но спаѓа во втората најраспространета категорија на имиња. Исто како и презимињата од најраспространетите категорија кои завршуваат на „-ов“ или „-ев“, презимињата кои завршуваат на „-н“ се формирале или од името на одреден предок, или од занимањето на предокот, или можно е, од карактеристична особина на лицето, или од посебна околност поврзана со неговото раѓање или живот.

Една теорија вели дека презимето Путин има корени од некој што се викал Пут’ај. Најверојатно, ова е модерна верзија на ова презиме, а ги влече своите корени во заедничкото име дадено на новороденче, во прилог на неговото христијанско име, или да се направи да звучи полесно за уво навикнато на словенски имиња, или за заштита на новороденчето од зли духови.

Пут’ај може да значи дека лицето во прашање било или родено на пат („пут“ значи „пат“ на руски), или било цврсто врзано во облека („пути“ значи „да смоташ“ на руски), или било на некој друг начин поврзано со еден од овие термини.

Оттогаш, лицето можело да се вика „Пут’ај“ а многу години подоцна неговите потомци станале познати како „Путин“ како знак на нивното припаѓање на одредено семејно дрво.

2. Романов

Ова е веројатно најпознатото презиме во Русија. Куќата Романов владееше со Русија повеќе од 300 години, почнувајќи од нивниот познат предок, Михаил Романов, а заврши со цар Николај Втори. Очигледно, презимето има многу подлабоки корени.

Предците на царското семејство имаат корени од некој по име Андреј Кобила, прво познат како Кобилини (името се однесува на кобила), и Кошкини (името се однесува на мачка). Мноу подоцна, членовите на идната династија го промениле своето презиме по големиот чичко на Фјодор Кошка, чиешто име било Роман. Од тој конкретен момент започнува историјата на семејството кое влезе во историјата како Романови. Денес, презимињата што завршуваат на „-ов“ и „-ев“ се најчести во Русија, сочинувајќи околу 70 проценти од сите презимиња.

3. Ленин

Познатиот илегално име на рускиот револуционерен лидер е само еден од многуте, но, секако, најпознато. Потеклото на познатиот псевдоним не е познато со сигурност, но постојат некои теории кои објаснуваат зошто Владимир Улјанов станал познат како Ленин.

Според една верзија, Улјанов го презел името во спомен на мртвите работници кои биле егзекутирани по штрајкот во рудниците за злато Ленски. Многу научници се сомневаат во валидноста на оваа теорија, затоа што првото спомнување на познатиот псевдоним се појавува порано од трагичниот настан.

Друга теорија вели дека Улјанов го презел името Ленин по една од трите големи сибирски реки, Лена. Една помалку поетска, но поверојатна теорија вели дека болшевичкиот лидер го зел името Ленин за да не привлекува многу внимание кога неговото вистинско презиме станало одговорност под царскиот режим.

Еден пријател му го дал на Улјанов пасошот на неговиот татко - Николај Ленин, а подоцна псевдонимот се задржал. Во однос на класификацијата на презимето, Ленин спаѓа во истата категорија како Путин, бидејќи и двете презимиња завршуваат на „-ин“.

Прочитајте за значењето на презимињата на руските класици.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња