Запознајте ја новата „Мис Русија“ за 2019 година!

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Алина Сањко од Азов победи на националниот избор за Мис на Русија 2019 година, јавуваат новинските агенции.

Финалето на натпреварувањето се одржа во Barvikha Luxury Village во населбата Барвиха во Московската област. Во него учествуваа 50 девојки.

Победничката освои парична награда од 3 милиони рубли (41 илјада евра) и круна од бело злато вредна преку милион долари, украсена со сафири, брилијанти, рубини и со 203 бисери.

Круната на Сањко ѝ ја врачи победничката на минатогодишниот избор за Мис Јулија Пољачихина.

Сањко соопшти дека професионално се занимава со цртање и дека планира истовремено да се занимава со цртање и манекенство, како и да организира изложба на своите работи.

Таа ќе има можност да учествува на меѓународните натпреварувања за „Мис на светот” и „Мис универзум”.

За прва и втора придружничка беа избрани Арина Верина од Екатеринбург и Ралина Арабова од Татарстан.

Пољачихина, која ја претставуваше Русија на 67 меѓународен избор за „Мис универзум“, не се пласираше во полуфиналето.