„Уралскиот Хулк“ го опиша тешкиот пат на руските борачи во УФЦ

Jason Silva/Global Look Press
Борачот на ММА (мешовити боречки вештини) Иван Штирков вели дека Русите мошне тешко влегуваат во лигата УФЦ. Оваа негова изјава ја пренесува РТ.

Како што изјави Штирков, рускиот борач го „уништува своето здравје“ во октогонот, борејќи се со противници на локални турнири. Тој се пожали и на тоа дека американските борачи мошне полесно прават договори со УФЦ. Според мислењето на Штирков тие веќе ја завршуваат кариерата на возраста на која Русите дебитираат во оваа организација.

Рускиот борач воедно го критикува нивото на определени колеги кои се борат во УФЦ. „Понекогаш ги гледам и размислувам  дека јас повеќе се имам занимавано со овој спорт како аматер, одошто тие имале тренинг за време на целата своја кариера“, изјави тој.

Иван Штирков на 19 март потпиша договор со УФЦ. Неговиот прв меч во оваа организација ќе биде одржан на 20 април на турнирот во Санкт Петербург. Противник на 30-годишниот Русин ќе биде Американецот Девин Кларк.

Штирков во досегашната кариера имал 16 борби, од кои 15 победи и еден нерешен меч. Го доби прекарот „Уралски Хулк“ и познат е по мечевите во организација на Russian Cagefighting Championship.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња