Сиот шарм на „моржевањето“: Разголени Сибирци сплавареа на пловечки санти лед (ВИДЕО)

Скриншот

Во сибирскиот град Новокузнецк љубителите на зимското пливање го искористија за луда забава ледот на реката што почна да се поместува. 

Возењето на санти лед и капењето во ледената вода беше организирано пред неколку дена на реката Кондома недалеку од нејзиното устие во реката Том.

Мажите без гримаса на лицето се нурнуваа во ледената вода, скокаа на ледот и весело го коментираа настанот.

А еден од „моржевите“ се сети на песната на малиот мамут од познат советски анимиран филм, пеејќи „Пловам јас на белиот ми брод“ додека сплавареше на санта мраз.

Еден жител рече за новокузнецкото гласило дека се капе во отвори во мразот зиме веќе 21 година и дека одамна сонува да сплавари на санта кога ледот ќе почне да се движи.

„Сѐ се случи некако спонтано, видовме дека ледот се придвижи, се соблековме, скокнавме и запловивме“, рече љубителот на екстремни авантури.

Корисникот кој ја објави снимката на интернет ги предупреди сите лековерни да не се обидуваат да се забавуваат на овој начин доколку немаат дебело искуство во моржевање.

Оваа година во Кемеровската област топењето на мразот почна предвреме. Откривањето на реката Том во Кемерово беше забележано на петти април.

Прочитајте повеќе: „Господар на студот“: Русин скокна гол од авион на минус триесет

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња