Руски брачeн пар прекопа 12 тони ѓубре поради случајно фрлени пари

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND

Млад брачен пар од Тјумењ неодамна ги замоли комуналните служби да им кажат каде можат да бидат милионите рубли кои ги добиле од продажба на стан, а мајката на еден од сопружниците случајно ги фрлила в ѓубре бидејќи парите биле замотани во обична хартија. Мажот и жената првин тргнале да ги пребаруваат блиските контејнери, но ѓубрето одамна било собрано од камионот за отпад. На крај испаднало дека морале да пребараат 12 тони ѓубре собрано тој ден по целиот град. За среќа, си ги нашле парите, пренесува весникот „Комсомолскаја правда“.