Путин доби коњ во Киргистан (ВИДЕО)

Reuters

Претседателот на Киргистан Сооронбај Жеенбеков му подари на Владимир Путин орловски касач и киргиски ’рт тајган при државната посета на рускиот претседател на Бишкек.

Кученцето по име Шерхан е претставник на локалната раса песови која настанала со вкрстување на ’рт и волкодав, пренесуваат медиумите.

Претседателот на Русија Владимир Путин во четвртокот, 28 март, пристигна во државна посета на Киргистан. Рускиот лидер се сретна со претседателот на Киргистан Сооронбај Жеенбеков во резиденцијата Ала-Арча.

Во Бишкек во присуство на двајцата лидери беше одржана церемонијата на размена на документи со кои се внесуваат измени во договорот од 2012 година за условите и статусот на Обединетата руската воена база на територијата на Киргистан.

Жеенбеков изјави дека посетата на Путин на Киргистан е историски настан. Доаѓањето на Владимир Путин е прва државна посета на шеф на некоја странска држава на Киргистан во последниве неколку години.

Прочитајте повеќе: Подароци за Путин: што му подарија на претседателот на Русија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња