„Многу си крупен”: Путин се пошегува со припадник на обезбедувањето (ВИДЕО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Претседателот на Русија Владимир Путин за време на посетата на „Олимпискиот центар за синхронизирано пливање на Анастасија Давидова” во „Паркот на Легендите” во Москва помести припадник на обезбедувањето кој ја имаше блокирано камерата.

„Помести се! Многу си крупен, покрупен од спортистите!”, рече рускиот претседател, поместувајќи го припадникот на службата за обезбедување кој стоеше пред камерата за време на средбата на претседателот со учесниците на XXIX Светска зимска универзијада што се одржа во Краснојарск.

Руската репрезентација на Универзијадата го зазеде првото место во екипен пласман. Претседателот им го честиташе овој успех на спортистите.