„Хабиб се крие од страв дека ќе го претепам бидејќи го претепав. Конор (Мекгрегор) веќе двапати доби по задникот“, изјави борецот, истакнувајќи дека очекува двобој со Хабиб.
Ова не првпат Диаз да го критикува Нурмагомедов. Меѓу нив двајцата 2015 година на турнирот WSOF 22 изби конфликт кој прерасна во тепачка меѓу нивните тимови. Диаз на 12 март 2019 го исмеа рускиот борец по повод фотографијата во када со пријатели.
Американецот последен пат излезе во октагонот 2016 година и тогаш загуби од Мекгрегор со одлука на судиите, додека во првиот меч против Ирецот ја однесе победата. Диаз во кариерата има вкупно 30 борби (19 победи и 11 порази).
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче