„Само еден може да биде крал во џунглата“: Хабиб реагира на одлуката на Мекгрегор да ја напушти ММА

Global Look Press

Рускиот ММА-борeц Хабиб Нурмагомедов реагираше на изјавата на Конор Мекгрегор за напуштање на ММА.

„Само еден може да биде крал во џунглата. Само еден”, напиша рускиот борец на „Твитер“.

30-годишниот Конор Мекгрегор објави дека ја завршува кариерата во мешани боречки вештини.

Својата последна борба во ММА Мекгрегор, бивш шампион на UFC во полулесна и лесна категорија, ја имаше на 6 октомври 2018 година, кога на турнирот UFC 229 во САД изгуби од Хабиб Нурмагомедов во борбата за титулата во лесна категорија. Освен тоа, Мекгрегор во март одработи казна за напад врз автобусот на Нурмагомедов.

Ирскиот борец во својата ММА-кариера има извојувано 21 победа (18 нокаути) и претрпено четири порази.

Прочитајте повеќе: Хабиб Нурмагомедов меѓу дваесетте најпопуларни спортисти на светот

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња