Прекрасниот московски парк Зарјадје во трка за туристички Оскар во две категории

Владимир Сергеев/Sputnik

Зарјадје, импресивниот парк во главниот град на Русија, кој се наоѓа веднаш до Кремљ и Црвениот плоштад, отворен во септември 2017 година, е номиниран за престижната награда World Travel Awards 2019 која важи за туристички Оскар во две категории, соопшти канцеларијата на московскиот градоначалник.

Ова престижно годишно признание е воспоставено 1993 година во Лондон и им се доделува врз основа на гласовите на туристите и стручњаците на водечките авиокомпании, хотели, одморалишта, паркови, туристички агенции и градови. Се гласа во неколку фази, според бројни критериуми, а пред сѐ, според квалитетот на услугите, задоволството на гостинот, безбедноста и развојот на инфраструктурата. Сите оние кои сакаат можат да гласаат на официјалниот сајт на паркот Зарјадје до 28 април.

Московскиот парк, ремек-дело на архитектонското биро Diller Scofidio + Renfro, се натпреварува во категориите „најдобра туристичка авантуристичка атракција во Европа 2019” и „најдобар проект за развој на туризмот во Европа 2019 година”.

Инаку, паркот Зарјадје се наоѓа на местото на некогашниот хотел „Русија”, изграден во советско време. Паркот е поделен во четири климатски зони во кои се претставени главните еколошки системи на Русија: тундрата, тајгата, степата и мочуриштето. Има и амфитеатар прекриен со стакло и метал, подземна ледена пештера и „лебдечки“ мост кој формира кружен лак над реката Москва.

Прочитајте повеќе: Магазинот „Тајм“ го вбројува московскиот парк „Зарјадје” меѓу најдобрите светски дестинации

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња