Стручњаците во сферата на проектирањето и производството на автомобили ја доделија австриската годишна награда „Маркус“ на караванот Lada Vesta SW за најекономичен автомобил во компакт класата.
За наградата во категоријата „Најекономичен новитет“ се натпреваруваа 46 возила присутни на австрискиот пазар, а жирито во сегментот на компакт класата го награди рускиот автомобил Lada Vesta SW. Во обѕир се земени цената на автомобилот, трошоците за одржување, издвојувањата за гориво и масла, како и потрошувачката на гориво.
И додека меѓу компактните автомобили е најдобра руската LADA, меѓу микроавтомобилите победник е Smart EQ Fortwo.
Доделени се и награди во категоријата „Најбезбеден новитет“ и „Најиновативен новитет“ во сите комерцијални сегменти.
Минатата година седанот LADA Vesta со 1,6-литарски мотор ја доби наградата „Маркус“ на австријскиот автомото и туристички клуб во категоријата „Најекономичен новитет“ во сегментот на компакт класата. Продажбата на првите автомобили од серијата LADA Vesta во каросеријата седан почна во Австрија 2017 година, а на караванот LADA Vesta SW минатата година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче