Петгодишниот Рахим Куриев од чеченското село Дуба-Јурт од претседателот на Чеченија Рамзан Кадиров како награда за поставениот рекорд со изведени 4105 склекови доби автомобил „Мерцедес“. Автомобилот го обезбеди Фондот „Ахмат-Хаџи Кадиров“. Претходно истиот фонд му подари возило и на ММА-борецот Хабиб Нурмагомедов, кој го победи Ирецот Конор Мекгрегор.
Предавајќи му ги клучевите од автомобилот на младиот рекордер, Кадиров му рече: „Татко ти да те вози во него. Ти го заслужуваш најдоброто“. Детето му ги демонстрираше на Кадиров своите способности правејќи неколку склекови на хаубата на автомобилот. Тој му рече на Кадиров дека е сигурен дека ќе успее да направи и пет илјади склекови, пренесува агенцијата ТАСС.
Детето го постави рекордот на 12 ноември. Склековите ги правеше без престан два часа и дваесет минути. Книгата на рекорди на Русија не го забележа овој рекорд поради ситни забелешки. Рамзан Кадиров е уверен дека младиот спортист ќе успее да ја повтори својата серија склекови пред специјална комисија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче