Во престолнината на република Башкирија, градот Уфа, двајца мажи поминаа по цврсто затегнато јаже меѓу покривите на две десеткатници. Мештаните го снимија овој настан со мобилни телефони и го објавија на интернет, пренесуваат руските медиуми.
Како што изјави едниот од љубителите на екстремни авантури, растојанието меѓу двете кули изнесувало 56 метри, а за овој „подвиг“ се подготвувале речиси две недели.
По изведувањето на оваа операција двајцата мажи беа приведени од полицијата. Тие, како и „обично“ во такви ситуации, како што рече еден од нив, мораа да напишат образложение, по што беа пуштени.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче