Министерката за надворешни работи на Австрија: „Путин сепак подобро танцува“

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Шефицата на австриската дипломатија Карин Кнајсл изјави дека рускиот лидер Владимир Путин танцува убаво и изрази желба уште еднаш да танцува со него, соопшти на 8 март агенцијата ТАСС.

Според Кнајсл, австриските медиуми често ја користат можноста да споменат како таа на својата свадба танцуваше со Путин. Министерската изјави дека нареднава недела можеби повторно ќе танцува со него, но овој пат во Москва.

Карин Кнајсл исто така рече дека освен со Путин танцувала и со шефот на британската дипломатија Џереми Хант. „Но со сета почит спрема британскиот министер, Путин сепак подобро танцува “, заклучи министерката за надворешни работи на Австрија.

Владимир Путин во август 2019 беше гостин на свадбата на австриската министерка и стара преса за цедење масло, традиционален руски самовар и уметничка слика со селски пејзаж.