Претседателот на Русија Владимир Путин наспроти Меѓународниот ден на жената го посети Првиот оперативен полк на полицијата на Главната управа на Министерството за внатрешни работи за Москва каде се запозна со специфичните должности на коњичката и туристичка патрола и во друштво на припадничките на поубавиот пол на манеж направи неколку круга на кафеав коњ.
Reuters
Путин дојде на повик на припадничките на коњичката и туристичка полициска патрола која тие му ја упатија на 28 февруари за време на посетата на претседателот на тематската изложба пред почетокот на седницата на колегиумот на МВР.
Reuters
Путин по Манеж на кафеав коњ направи неколку круга со припадничките на поубавиот пол на коњичката и туристичка полициска патрола кои беа на бели коњи. По повод празникот хиподромот беше убаво украсен со орнаменти од разнобојна струготина.
Reuters
Путин не дојде со празни раце, ами донесе ждребе од познатата руска раса коњи Орловски касач. Коњот кој се вика Златен зрак има четири години.
Првиот оперативен полк кој доживеа повеќе организациски реформи, а кој беше формиран уште во 1918 година е сочинет од два коњички баталјона и специјален баталјон кој извршува функција на туристичка полиција. Припадниците на полкот го обезбедуваат јавниот ред и безбедноста за време на масовни настани и патролираат во појасот на градските и на зелените површини.
Reuters
Туристичката полиција осигурува безбедност на гостите на руската престолнина, им помага на туристите, патролира во пешачките зони, а исто така врши и оперативни истраги за кражби и разбојништва.