За Гинис: На замрзнатото Бајкалско Езеро развеано досега најголемото руско знаме

Министерство за вонредни состојби на Русија

Најголемото досега државно знаме на Руската Федерација, со површина од 1423 метри квадратни, беше раширено денеска на замрзнатиот Бајкал, најчистото и најдлабоко слатководно езеро на светот. Тоа го направија припадниците на патриотската организација „Сите светови“ (Все миры), конкурирајќи на тој начин за влез во Гинисовата и Руската книга на рекорди, рече нејзиниот претседател Јуриј Волков.

За да знамето добие правилна правоаголна форма потребно беше да се вклучат во акцијата 25 луѓе. Тробојката беше развиена на мразот покрај најголемиот бајкалски остров Ољхон, до познатата карпа Шаманка.

„Ги исполнивме сите услови кои се бараат за влез во Руската книга на рекорди, штотуку им ги праќаме доказите, а официјалниот сертификат го очекуваме за недела-две. Поднесовме пријава и за Гинисовата книга на рекорди, но таа ќе биде разгледана во наредните  шест месеци“, рече Волков, истакнувајќи дека една од целите на акцијата била и зачувувањето на флората и фауната на Бајкалското Езеро.

Во април минатата година најголемата дотогаш руска тробојка беше развиена на Арктикот на пловечки мраз на Северниот пол, додека во септември кај Звенигород со помош на два балона беше подигната во воздух. Овие настани се внесени во Руската книга на рекорди. Досега најголемото знаме на Руската Федерација ќе биде развиено и на Антарктикот и на Камчатка.

Прочитајте повеќе: На днoто на Маријанскиот ров ќе биде поставено руско знаме

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња