Локалните медиуми во градовите Кисељовск, Прокопјевск и Ленинск-Кузнецки пишуваат дека снегот поцрнел поради јаглениот прав од двете локални фабрики за производство на јаглен.
Генералниот директор на фабриката во Прокопјевск Анатолиј Волков изјави за Вести-Кузбасс дека во фабриката се расипале специјалните завеси кои ги штитеа улиците од валканици.
Заменик-губернаторот на Кемеровската област за индустрија, сообраќај и екологија Андреј Панов рече дека за црниот снег свој придонес дале и котларниците на јаглен, автомобилските и издувните гасови од претпријатијата. Упатените тврдат дека неповолните временски прилики и упадливото отсуство на ветар, како и фактот дека немаше нов снег, во голема мера придонеле за сликата на наведените градови.
Според Андреј Панов, власта планира со сите расположливи технички средства, меѓу кои има и топови за сузбивање на прав и специјални браници, да се бори против црниот снег.
Корисниците на социјалните мрежи се жалат дека не излегуваат надвор, а особено тоа не им го дозволуваат на децата, дека поред гарежот што се натрупува на симсот и не ги отвораат прозорците, дека глетката потсетува на апокалиптични призори и предизвикува депресија, автомобилите изгледаат како да излегле од страшен пожар и ги критикуваат локалните фабрики за производство на јаглен. Меѓутоа, има и такви кои се фасцинирани од естетиката на грдото. Многумина од нив во овие „црни бисери“ гледаат шанса за развој на туризмот. Црниот снег, како што тврдат, би можел да биде привлечен за љубителите на стим-панкот или на постапокалиптичните пејзажи и напуштените градови. Има и такви кои истакнуваат дека, на пример, во градот Првоуралск паднал многу поегзотичен снег, затоа што бил со зелена боја.