Русин од стари „Сингерки“ прави ретро автомобили, спортски болиди и мотоцикли

Музеј на убави уметности „Иља Машков“

Инспирацијата и материјалот за 14 најимпресивни изложени модели Сергеј Маркевич ги нашол на отпад.

Во Музејот на убави уметности „Иља Машков“ во рускиот град Волгоград е отворена изложба на автомобили направени минатата година од ислужени машини за шиење од марката „Сингер“, собрани на отпад. Сергеј Маркачев е по струка механичар кој се занимава со  „џанк арт“. Во рамките на поставката насловена како „Вториот живот на машините за шиење Сингер“ изложи 14 свои најдобри уникатни модели настанати од делови на старите машини, меѓу кои се спортски автомобили и мотоцикли.

На старите „Сингерки“, кои го красеа речиси секој советски дом и кои го отслужиле своето, предизвикувајќи денес само носталгични сеќавања Сергеј им вдахнува нов живот и прави уште и парни локомотиви, трактори, но и предмети за ентериер како што се жардиниери.

Американскиот пронаоѓач Исак Сингер ја патентираше 1851 година машината за шиење „Сингер“, која одамна е застарена и заменета со нови модели.

Џанк арт е уметнички правец (од англиските зборови junk - ѓубре и art - уметност) во кој оригиналните дела настануваат од стари предмети од секојдневието без вредност.  

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња