Над рускиот град Екатеринбург изгреаја три сонца?

Жителите на Екатеринбург денеска можеа да набљудуваат необична оптичка појава под називот хало, која се појавува на небото при аномални студови, соопшти главниот синоптичар на Уралскиот хидрометеоролошки центар Галина Шепоренко.

Во неколку реони на Екатеринбург на небото се појави светлост со ефект на три сонца во низа над хоризонтот, пренесуваат руските медиуми. 

Шепоренко објасни дека халото може да се види кога има сончево време со слаб ветар и во зона на антициклони. `

„Во исклучително студениот воздух се задржуваат кристали мраз низ кои се прекршуваат сончевите зраци. Тоа доведува до ефект на хало. Сега сонцето е ниско и затоа халото може да се набљудува подолго време“, рече таа.

Утринава температурата во Екатеринбург беше -34 степени Целзиусови.

Првите денови од 2019 година во различни региони на Русија можеше да се види ефектот на хало.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња