Жител на Нижни Новгород реши да ги повози своите пријатели на килим врзан за кола. Возачот потоа беше казнет со 1000 рубли (13 евра) за непрописно возење на патници надвор од салонот на автомобилот.
За волја на вистината, патниците кои се возеа на килимот не добија никаква казна.