Нови детали во расветлувањето на мистеријата околу страшната смрт на групата на Дјатлов

Архивска фотографија

Раководителот на Фондот за зачувување на споменот на групата на Дјатлов Јуриј Кинцевич рече дека се пронајдени документи врз основа на кои може да се заклучи дека релевантните органи знаеле за страдањето на деветтемина млади луѓе од групата на водичот Игор Дјатлов на Уралските Планини 1959 година, еден месец пред да бидат откриени нивните тела. Документацијата ќе биде презентирана на конференција на Фондот која ќе се одржи на 2 февруари во Екатеринбург.

„Пронајден е документ кој сведочи дека обвинителството знаело за смртта на групата пред да биде организирана потрагата по неа. Тоа значи дека некои активности се преземани на самиот превој. Односно дека она што го виделе спасувачите е најверојатно инсценирано. Имаше докази дека некој веќе ги превртувал телата“, рече Кунцевич, пренесуваат руските медиуми. Тој додаде дека меѓу документите се наоѓа белешка на обвинителот Василиј Темпалов Ивделја од 15 февруари 1959 година, наменета за помошникот. Во белешката се наведува дека Ивделја планира патување во Сведролвск, заради истрага.

„Веќе се извршени вештачења на ракописот, сѐ се совпадна. Во истражувањето беа вклучени наши експерти и московски експерти. Докажано е дека обвинителот Ивделја му пишувал на помошникот Коротаев. Презимињата ни беа познати, тие учествувале во истрагата. На тој начин, многу нешта се менуваат, и се објаснува зошто кривичната постапка е покрената на 6 февруари, а потрагата почнала на 20 февруари“, заклучува Кунцевич.

Треба да се каже дека ниту една истрага досега не откри што ги принудило седумте момчиња и двете девојки од туристичката група на Дјатлов, кои се упатиле во поход преку Северен Урал, таа кобна ноќ да го напуштат шаторот, во брзање да ги остават сите работи и среде ноќ да излезат на минус 30 степени без обувки (само две лица носеле обувки). Никој од нив не го дочекал жив утрото. Спасувачите кон крајот на февруари и почетокот на март нашле пет трупови на километар и половина од шаторот во правец на подножјето. Четири биле пронајдени во мај, кога снегот почнал да се топи. Истрагата утврдила дека три лица загинале од удари „задобиени поради дејство на голема сила“, додека останатите замрзнале во снегот. Телото на една девојка немало очи и јазик. На некои парчиња облека се пронајдени траги од радијација двапати поголема од дозволеното.

Истрагата била прекината веќе при крајот на мај 1959 година и случајот бил затворен. Официјалната формулација на причината за смртта гласи: „сила на стихија на која туристите не можеле да се спротивстават“. Досега се забележани повеќе од сто неофицијални верзии за смртта на овие авантуристи, од несреќен случај до парапсихолошки појави.

Прочитајте повеќе за мистеријата за страшната смрт на групата на Дјатлов

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња