1. Зелени срца
Тимот чирлидерки на хокеарскиот клуб „Салават Јулаев” од Уфа е препознатлив по своите едноставни бело-зеленим костими. Девојките настапуваат во паузите за време на натпреварот, играат на сцена, на трибините и на мразот. Тренираат најмалку двапати недели и сѐ им поаѓа од рака. „Зелените срца“ имаат илјадници обожаватели кои ги следат на социјалните мрежи!
2. Dream Team
Овој тим е составен од 16 девојки кои го поддржуваат фудбалскиот клуб „Локомотив” од Москва. Сите членки на „Дрим тимот“ порано се занимавале со танц или спорт. „Тренираме трипати неделно по два часа. Исто така имаме и дополнителен четиричасовен тренинг во неделата пред натпреварот“, напиша една од девојките.
Тимот победи на неколку натпревари за чирлидерки во Русија. Девојките исто така одржуваат свој натпревар во танц за студенти. Настапија и на церемонијата на отворањето на Светското првенство во фудбал во Москва.
3. Адмиралочки
Владивосток е познат по морето, раковите и хокеарскиот клуб „Адмирал”. Чирлидерките на овој тим се познати како „Адмиралочки”. Нивните костими се исто така инспирирани од морето: девојките носат морнарски маички на пруги и црни шорцеви или сино-бели фустанчиња.
4. Химки танчарки
„Химки танчари“ се група чирлидерки на кошаркарскиот клуб „Химки” (Московска област). Групата е основана 1995 година, во времето кога во Русија првпат се појавија чирлидерки.
Денес тимот има преку 100 танцови точки. Тие не танцуваат само на натпреварите на домашен терен, туку го следат тимот и на меѓународните натпревари.
5. SKA Sisters
Ова се девојките кои го подджуваат хокеарскиот клуб СКА од Санкт Петербург. Носат светлосини или бели костими со ѕвездички, симболот на тимот. Постојаната постава ја сочинуваат 20 девојки, но на списокот и на натпреварите ги има и повеќе.
Во просек имаат 20 години. Освен што се членки на чирлидер тимот, речиси сите студираат или се вработени. „SKA Sisters” имаат дури и свој клуб на обожаватели на социјалните мрежи!
6. Spartak Angels
Групата чирлидерки на хокеарскиот тим „Спартак” од Москва е основана неодамна, во 2015 годна. Тие носат црвено-бели костими (боите на тимот) и настапуваат на трибините и на мразот. „Ангелите“ го поддржуваат како својот тим, така и рускиот национален хокеарски тим.
7. Soul Sisters
„Soul Sisters” навиваат за фудбалскиот, одбојкарскиот и кошаркарскиот тим „Зенит“ од Санкт Петербург, така што често можете да ги видите на различни спортски настани во севернат престолнина на Русија. Тие имаат различни танци за секој настан, затоа што редовно настапуваат. Танцуваат на мраз, па дури и на песок. Групата „Soul Sisters” има 50 членки, од кои сите се извежбани танчарки, што им овозможува да изведуваат неверојатни акробатски точки.