Хабиб суспендиран на девет месеци од натпреварување во УФЦ и казнет со половина милион долари

Global Look Press

Актуелниот шампион на УФЦ во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов е суспендиран на девет месеци и парично казнет со половина милион долари. Ваква одлука донесе Спортската комисија на американската држава Невада поради тепачката во која учествуваа претставници на тимовите на рускиот и на ирскиот борец Конор Мекгрегор по мечот на турнирот UFC 229 во Лас Вегас, одржан на почетокот на октомври минатата година, кога Нурмогамедов ја одбрани шампионската титула.

Имено, по завршувањето на мечот Хабиб, испровоциран од константните тешки навреди од противничката страна, ја прескокна оградата на октагонот, влезе во гледалиштето и иницираше тепачка која прерасна во масовна.

Суспензијата на Нурмагомедов би можела да биде скратена на шест месеци под услов Хабиб да сними социјална реклама насочена против силеџиско однесување. Доколку триесетгодишниот Русин се согласи на тоа, би можел да се натпреварува веќе во април.

Меѓутоа, рускиот мајстор на мешани боречки вештини нема да се натпреварува во Невада во организација на Ултимејт фајт шампионатот година дена, а таа одлука ја донесе по изрекувањето на едногодишната суспензија на членовите на неговиот тим Зубајра Тухугов и Абубакар Нурмагомедов.

„Хабиб нема да се тепа додека е на сила суспензијата на Абубакар и Зубајра“, рече менаџерот на Нурмагомедов Ризван Магомедов и неговата следна борба ја најави за ноември, во Медисон сквер гарден во Њујорк.

Очигледно незадоволен од одлуката на Комисијата на чија расправа присуствуваше негов претставник, Хабиб Нурмогамедов коментираше со тоа што напиша на неговиот „Твитер“ профил „политика-засекогаш“.

Во прилогот на телевизијата „Русија 24“ „лутиот борец“ Хабиб Нурмогамедов е прикажан и приватно, како образована, хумана и сталожена личност. По освојувањето на шампионскиот појас тој се посвети на добротворна работа и ја претстави својата автобиографија на триста страници. Пред Нова година ја започна акцијата „Пишете му на Хабив“ во која ги повика децата да ги откријат своите неостварени желби, потсетувајќи се притоа како ја реализирал својот страсна замисла од детството да стане спортист со непрестајни напорни тренинзи. Меѓу децата на кои им помогна да ги остварат своите желби има и такви со посебни потреби, на кои Хабиб им подари инвалидска количка и апарат за дишење и им вети отворање на спортска сала за глуви деца во Москва. Инаку, децата го обожаваат Хабиб, така што тој на нивен повик патуваше во Казахстан само да се сретне со штитениците на Детскиот дом. Во Африка издвои големи средства за решавање на тамошните горливи проблеми, во кои спаѓа недостатокот од чиста вода за пиење.

Прочитајте повеќе: Емелјаненко за Хабибовата тепачка во гледалиштето: Професионалец не смее да им подлегне на емоциите

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња