Емелјаненко за Хабибовата тепачка во гледалиштето: Професионалец не смее да им подлегне на емоциите

Андреј Ладигин/Russian Look/Global Look Press
Рускиот ММА борец во тешка категорија Фјодор Емелјаненко ја коментираше постапката на Хабиб Нурмагомедов по победата над Конор Мекгрегор.

Нурмагомедов на турнирот UFC 229 го победи Мекгрегор со зафат, а потоа скокна од октагонот и се нафрли на спаринг-партнерот на Конор. Таа постапка предизвика тепачка во која учествуваа членовите на двата тима.

„Мене тоа им остави тежок впечаток. Веројатно тогаш се ослободи сето она што се насобрало пред борбата. Но јас мислам дека професионалецот секогаш мора да биде професионалец и не смее да им дава слобода на своите емоции“, го цитираат Емелјаненко руските медиуми.

Следниот меч на Емелјаненки ќе се одржи на 27 јануари во финалето на Гран-прито „Белатор“ во тешка категорија против Рајан Бејдер.

Прочитајте повеќе: Фјодор Емелјаненко размислува за завршување на кариерата

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња