Руските уметници на „Инстаграм“-профилот Unreal Collaboration сонуваат за соработка со различни брендови. Погледнете што би се случило кога девојчето од обвивката на познатото руско чоколадо „Аљонка“ би наметнала шал од „Гучи“.
Unreal Collaboration
Боите на најпозната руска сода бикарбона се совршен избор за патиките „Баленсијага“.
Unreal Collaboration
Картата на „Белморканал“ одлично би стоела на јакна „Норт Фејс“ (The North Face).
Unreal Collaboration
Соработката меѓу „Ролекс“ и „Роллтон“ (бренд на инстант-паста) би била еден вид потсетник на скромното потекло на сопственикот на ваков скап часовник.
Unreal Collaboration
Сите сонуваат да имаат некаква штосна дуксерка, па и јунаците од руските цртани не се исклучок.
Unreal Collaboration
Уште една идеја со брендот „Баленсијага“: луксузни полиетиленски навлаки за обувка во болниците! Откако нивното лого се појави на запалки, сѐ е можно!
Unreal Collaboration
Соработка на љубителите на салами и скапи украси.
Unreal Collaboration
Јакна „Стоун Ајленд“ (Stone Island) и руската лековита маст „Ѕвезда“: двојна заштита од настинка.
Unreal Collaboration
Лименка лошо пиво „Балтика“ на приврзок за клучеви „Келвин Клајн“? Зошто да не!
Unreal Collaboration