Американецот го нокаутираше Емелјаненко со првиот удар, на самиот почеток на првата рунда. Борбата траеше триесетина секунди.
Фјодор влезе во октагонот, како и секогаш, со звуците на руска народна песна. Потоа беа интонирани руската и американската химна, по што почна мечот.
Првите дваесетина секунди немаше удари. Борци повеќе се испитуваа еден со друг. Меѓутоа, првиот удар на Бејдер беше фатален – Фјодор буквално се урна на подот, по што Бејдер го дотепа со уште два-три удари. Емелјаненко не даваше отпор и судијата го запре мечот.
Фјодор стана сам, без ничија помош, и веднаш беше прегледан од лекар. Многу е веројатно дека по оваа борба Емелјанено ќе објави крај на кариерата.
Бејдер е сега на врвот на својата кариера. Тој прв во историјата на купот „Белатор“ стана шампион истовремено во полутешка и тешка категорија.