Видео: Зошто Лавров се „ракуваше” со микрофон?

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

На интернет се појави видеоснимка со необично ракување на министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров. Инцидентот се случи за време на преговорите во Алжир.

На снимката можат да се видат Лавров и неговиот алжирски колега Абделкадер Месахел. Се гледа како новинари се обидуваат да ги доближат микрофоните до рускиот министер. Лавров фаќа еден од нив и „се ракува”.

Видеоснимката е објавена на „Твитер“-профилот на специјалниот дописник на весникот „Комсомолска правда“ Дмитриј Смирнов.