Претседателот на Русија Владимир Путин допатува во дводневна посета на Србија. На аеродромот го пречека српскиот претседател Александар Вучиќ, а потоа лидерите на двете земји се качија во руската лимузина „Аурус“.
Српскиот претседател го пречека Путин на црвениот тепих на аеродромот „Никола Тесла“, се ракуваше со него, а потоа рускиот претседател го покани Вучиќ да тргнат со лимузината „Аурус“ кон Гробиштата на ослободителите на Белград.