Најубавите руски трепки од Сибир покриени со иње повторно на „Инстаграм“!

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND

Дали се сеќавате на Настја Груздева од Јакутск? Минатогодишните фотографии на нејзините трепки снимени на -47 °C го обиколија буквално целиот свет.

„Белки не мислевте дека оваа зима ќе помине без слични фотографии“, пишува Настја на својот профил на „Инстаграм“.

Благодарение на фотографиите снимени минатата зима оваа девојка од Јакутија се запозна со мноштво луѓе и даде неколку интервјуа.

Новите фотографии можеби и не се толку спектакуларни, бидејќи зимата во Јакутија е малку потопла, признава таа.

„Ви велев дека е невозможно специјално да се „дише“ во трепките. Тоа е резултат од случајност и температура од минус 50 степени“.