Екстремниот спортист од Молдавија Дмитриј Волошин на 14 јануари во Ојмјаконската област во Јакутија истрча 50 км на температура од преку -60°C. Досега никој во слични услови не совладал такво растојание.
„Тоа беше најтешкиот испит во мојата спортска кариера“, рече Дмитриј по трката. „Тоа ви е како прошетка во отворена вселена. Страшен студ, недостиг на воздух. Од такво студенило не никаква опрема не може да ве заштити“.
yakutia.info
Дмитриј сметаше на обична маратонска должина од 42 км, но во такви невозможни услови и без придружба на лекар успеа да истрча уште осум километри.
Волошин инаку со своите потфати обрнува внимание на проблемот на детската церебрална парализа и собира средства за помош на децата кои страдаат од оваа болест.