Губернаторот на Самарската област се прослави како чистач на снег

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND

Видеоприлогот за тоа како губернаторот Дмитриј Азаров во текот на новогодишните празници помогна во чистењето на училишно лизгалиште од снег предизвика големо внимание на руските социјални мрежи.

Некои го осудија првиот човек на Самарската област со објаснување дека губернаторот мора да има поважни работи од чистењето снег. Други ја одобрија оваа постапка и ги повикуваат и останатите губернатори да ја земат лопатата в раце.

Граѓаните претходно му се пожалија на Азаров дека лизгалиштето до училиштето бр. 175 во Самара не го чистат од снегот, така што губернаторот следниот ден (5 јануари) лично дојде со липата и друга техника и го исчисти. Во тоа му помагаа локални чиновници, жители и директорот на училиштето.