ВИДЕО. Зошто Путин пукаше од топ на Божик?

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Претседателот на Русија Владимир Путин ја посети народната веселба во Петропавловската тврдина во Санкт Петербург и притоа пукаше од топ.

Путин истрела од топ Д-30 заедно со почесниот градежник на Русија Владимир Бендет, пренесува РИА „Новости“.

Видеоснимката на Твитер ја објави специјалниот дописник на весникот „Комсомолска правда“ Дмитриј Смирнов.

Градежникот Владимир Бендет на 7 јануари наполни 85 години. Шефот на руската држава му го честиташе роденденот и му подари пенкало. Претседателот притоа поразговара и со питомците на Суворовското воено училиште.

Претходно Владимир Путин им го честиташе Божик на православните христијани.