Путин се сретна со болно дете кое сонуваше да се ракува со него

kremlin.ru

Владимир Путин му ја оствари фантазијата на десетгодишниот Коља Кузнецов, кој сакаше да се ракува со претседателот на Русија. Момчето и неговата мајка во четвртокот се состанаа со Путин во Кремљ, се ракуваа и разговараа. Коља во моментов не е во состојба да продолжи да тренира самбо, но Путин на молба на мајката на детето ги потпиша неговото кимоно и маичката на самбо-клубот.

Пред средбата со Путин за Кузнецови беше организирана екскурзија по московскиот Кремљ, а потоа и екскурзија по градот.

Путин на форумот на доброволци на Русија на 5 декември дозна како работи проектот „Сонувај со мене“. На штандот беа изложени коверти со желбите на неизлечиво болни деца, а учесниците на форумот можеа да изберат еден коверт и да го остварат сонот на некое дете. На Путин исто така му беше предложено да избере коверт, па така тој ги зеде преостанатите пет.

Така претседателот на Русија запозна едно момче со пилотите на специјалниот одред „Русија“ и му го покажа авионот Ил-96; на друго му вети дека заедно ќе го разгледаат Санкт Петербург од хеликоптер; едно девојче ќе поведе на екскурзија во „Мосфилм“, а на едно слепо девојче кое мечтае да биде новинар веќе ѝ даде интервју.

Во петтиот коверт беше желбата на Коља Кузнецов да се ракува со Путин.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња