Путин вети дека ќе им ги исполни желбите на пет неизлечиво болни деца

Kremlin Pool/Global Look Press

Путин на форумот на доброволци на Русија дозна како функционира проектот „Сонувај со мене“. На штандот на форумот беа изложени коверти со желбите на неизлечиво болни деца, а учесниците на форумот можеа да изберат еден коверт и да го остварат сонот на некое дете. На Путин исто така му беше предложено да избере коверт, па така тој ги зеде преостанатите пет.

Така претседателот на Русија му вети на едно дете дека ќе го запознае со пилотите на специјалниот одред „Русија“ и ќе му го покаже авионот Ил-96; на друго дека заедно ќе го разгледаат Санкт Петербург од хеликоптер; едно девојче ќе поведе на екскурзија во „Мосфилм“, а друго во седиштето на ТВ-каналот RT.

Во петтиот коверт беше желбата на едно момче да се ракува со Путин.  

„Трогателно, не очекував“, рече Путин и вети дека, ако дозволат лекарите, ќе го покани момчето во Москва за новогодишните празници.'

Прочитајте повеќе: Владимир Путин ѝ подари на ученичка кученце лабрадор

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња