Путин: Патриотизмот може и мора да биде основата на нашата држава

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND
Патриотизмот во најширока и благородна смисла мора да биде основата на нашата држава, рече Владимир Путин на годишната конференција за новинарите.

Како гласи големата идеја за развој на Русија, го прашаа рускиот претседател новинарите на конференцијата за печатот.

„Во однос на тоа дали имаме или немаме идеја, патриотизмот може да биде основата на јакнењето на нашата држава“, истакна рускиот претседател. „А во однос на тоа дали на телевизија и интернет имаме недостојна информација, тоа е политика на самите ТВ-канали“, додаде тој.

Путин истакна дека повеќе пати ги повикувал руските медиуми за подобра содржина од тоа „кој украл, колку украл и како украл“.