Путин откри дека и тој еден ден ќе се ожени „како честит маж“

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND

На годишната прес-конференција со рускиот претседател еден новинар праша дали Путин некогаш повторно ќе се ожени и со кого?

Путин првин го праша новинарот дали и самиот е женет, а бидејќи одговорот беше потврден, претседателот рече: „Ете, гледате, оженет е и сака и мене да ми биде исто како нему“, со што ја насмеа публиката.

„Како честит маж и јас некогаш ќе го направам тоа“, додаде Путин, но го прескокна одговорот на прашањето со кого.