Захарова ја покажа „куќичката за соколи“ во шилецот на зградата на руското МНР

Кирил Зиков

Во шилецот на зградата на Министерството за надворешни работи на РФ на Смоленскиот плоштад во Москва се гнездат сиви соколи. За нив е направена специјална „куќичка“. Ова во емисија на каналот НТВ го раскажа портпаролката на Министерството за надворешни работи на РФ Марија Захарова. 

Според неа, „непријавените станари“ биле сосем случајно откриени пред две-три години, за време на реконструкцијата на шилецот. „Тоа е голема реткост во градот. Кога заврши реконструкцијата на шилецот, за соколите беше направена специјална куќичка, резиденција, така да кажам, и тоа според советите на орнитолог“, рече Захарова. Птиците слободно и лесно влетуваат и излетуваат од куќичката. 

Портпаролката на руското министерство им ја покажа на новинарите и „тајната соба“ каде што се снимаат изјавите и видеокоментарите на високите претставници на руската дипломатија, кои потоа се објавуваат на сајтот на министерството.  

Патем, зградата на Министерството за надворешни работи првично била проектирана без шилец, а одлуката за негово поставување ја донел Сталин кога работите веќе биле при крај, така што шилецот бил направен од достапниот материјал. По реконструкцијата во 2016-2017 година, новиот шилец е полесен 50 тони.

Прочитајте повеќе: Зошто посебна дивизија птици-грабливки го чува Кремљ?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња