Руската царина не дозволи комерцијалниот „нефрлач на пламен“ на компанијата Boring на Илон Маск да ја помине границата, изјави руската видеоблогерка Лизка (Елизавета Неред), која ја нарачала оваа роба од САД. Таа го објави на „Твитер“ скриншотот од писмото кое го доби на петти декември, речиси година дена по купувањето.
Лизка рече дека компанијата Boring ѝ понудила две опции: или да ѝ ги врати парите што го уплатила за „нефрлачот на пламен“ и да ѝ дадат подарок (на пример, капа), или да ѝ го испратат пакетот на друга адреса во САД.
Причината поради која руската царина не го пропуштила (не)фрлачот на пламен на Маск сѐ уште не е јасна. Во федералниот закон „За оружје“ нема ништо што би се однесувало на пламенофрлачи и слични уреди. И покрај тоа што членот број шест забранува циркулација на оружје базирано на топлотни зрачења, членот број 1 наведува дека „конструкции слични на оружје“ не подлежат на рестрикции. Притоа точниот состав на „нефрлачите“ на Маск не е соопштен. На „Хабр“ е предложено овој уред да се класифицира како пневматско оружје.
Маск распиша нарачки за гасни согорувачи во вид на пламенофрлач кон крајот на јануари. Сите 20 илјади парчиња беа нарачани во рок од четири дена, по цена од 500 долари по парче. Во февруари, по завршувањето на нарачките, производителот ги преименува пламенофрлачите во „нефрлачи на пламен“ за да ја заобиколи царинската регулатива.