Балетанот Полунин објасни зошто на градите си го истетовира ликот на Путин

Reuters

„Таа тетоважа ја направив за време на најсилниот медиумски напад врз Русија, кога ми беше непријатно да го гледам и слушам тоа. Таа тетоважа е како енергетска заштита, затоа што имаше премногу напади врз еден човек. Јас во тој момент имав многу сила и енергија, па решив да пренасочам врз себе еден дел од таа негативна енергија“, изјави Полунин за „РИА Новости“, пренесува порталот vz.ru.

Сергеј ја објави фотографијата со тетоважата на „Инстаграм“.

Полунин во Милано ќе го претстави календарот „Пирели-2019“ за кој позираше заедно со француската актерка и топ-модел Летиција Каста.

Претходно Полунин изјави дека секогаш ќе го брани Путин „со својата енергија и љубов“. Овој балетан кон крајот на ноември стана руски државјанин.

Сергеј Полунин во 2017 година глумеше во американскиот филм „Убиство во Ориент експрес“ (Murder on the Orient Express), а во 2018 играше епизодна улога во филмот „Црвениот врабец“ (Red Sparrow).

Прочитајте повеќе: Ишараниот од глава до петици балетан Полунин го украси телото и со ликот на Путин

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња